Заев со амбасадорите на земјава во држави на ЕУ: Остануваме посветени кон Европската Унија

Од:

Остануваме 100-процентно посветени кон ЕУ и на градењето пријателства, низ политиките на дијалог, добрососедство и разбирање, како и на домашните реформски процеси, во насока на заслужените придвижувања на Северна Македонија на полето на евроинтеграциите, по успешното членство во НАТО, а при тоа зачувувајќи го дигнитетот на македонскиот јазик и македонскиот народ.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев при учеството на денешниот тематски работен состанок, организиран од Министерството за надворешни работи, со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, акредитирани во земји – членки на Европската Унија и во постојаните мисии во ЕУ и во НАТО.

На состанокот е направен осврт на годишнината од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и е разговарано за европските перспективи, во пресрет на Советот на ЕУ во јуни 2021 година. Во рамки на чекорите во овие процеси, дискутирано е за можностите за остварувањето на клучните стратешки надворешно-политички приоритети на Република Северна Македонија, по зачленувањето во НАТО, а во контекст на ероинтеграцискиот процес.

Владината прес-служба соопшти дека на средбата е нагласено значењето на успешно спроведување на пописот, како граѓанска одговорност на сите, утврдена со закон, со цел придонес во создавањето можности за креирањето ефикасни јавни политики за развој на државата.

-Владата е политички стабилна. Очекувам рационалност од опозицијата и ефикасна работа на Парламентот во следниот период, со цел натамошен развој на државата на политички и економски план, рече премиерот Заев.

Тој се осврна и на економската ситуација во нашата држава, за предностите за инвестирање во земјава, за мерките што ги креира Владата со цел привлекување инвестиции и изрази очекување, амбасадорите, со својата дејност во државите членки на ЕУ, да помагаат на Северна Македонија како на политички, така и на економски план.

Премиерот Заев зборуваше и за здравствената ситуација во државата и соопшти дека Владата ги презема сите потребни и можни чекори во заштитата на јавното здравје и во справувањето со последиците од пандемијата.

-Амбасадорите се заблагодарија за темелниот брифинг од премиерот Заев за состојбите во државата и за владините позиции по клучни прашања и споделија свои размислувања и искуства за актуелни теми од значење за граѓаните и за земјата, стои во соопштението од Владата.

Домаќин на работниот состанок со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на земјава во држави во ЕУ е министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски