Во ковид центрите во земјава се лекуваат рекордни 1498 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 66 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 629 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 869 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1498 и има околу 200 празни болнички кревети.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 примени пациенти и 9 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни,а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 50 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 305 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 118 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти. На Клиниката за детски болести има17 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 12 позитивни пациентки.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 85 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 133 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 104 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 28 во Кичево 32, Кавадарци 73, а во Гевгелија 26 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски