Ориганото со специфичен мирис содржи бројни минерали како што се бакар, ниацин и бета каротен, како и други хранливи материи.
Нутриционистите истакнуваат дека ориганото е 42 пати побогато со антиоксиданси од јаболката, 12 пати од портокалот и четири пати од боровинките.
Ориганото, како и босилекот и рузмаринот, ја содржи таканаречената рузмаринска киселина, силен антиоксиданс кој што помага во спречувањето на оштетувањето на клетките предизвикани од слободните радикали, со што се намалува ризикот од рак, срцеви болести, атеросклероза и од прерано стареење. Поради своето карактеристично противоспалително дејство, рузмаринската киселина претставува делотворен третман за алергиската астма.
Ориганото, исто така, изобилува со антибактериски својства, вклучувајќи ги маслата тимол и карвакрол. Истражувањата покажале дека овие два споја го стопираат растењето на многу видови бактерии.
Овој специфичен зачин е делотворен и против акни, артритис, канцерогени заболувања, воспалителни состојби и мутирање на клетките.