Британските научници открија нов дел од човечкото тело. Делот е скриен длабоко во окото и е дебел само 0.001 мм. Се наоѓа во рамките на рожницата, на проѕирниот надворешен дел од окото.
Според експертите, ова откритие може да доведе до повторно пишување на книга по офталмологија, пишува Никола Роу за Дејли Меил.
Новооткриениот слој го доби името Duin, а називот му го даде професорот Харминдер Дуаи од Универзитетот во Нотингем, кој впрочем и го открил.
Научниците дошле до ова откритие со симулирање на трансплантација на човечка рожница од очи донирани за истражување.