Мицкоски зборувал по телефон со американскиот дипломат Палмер

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со заменик помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, при што се разговарало за актуелните политички и општествени случувања во земјава, како и исполнувањето на стратешките приоритети.

-Во разговорот беше потврдено стратешкото пријателство со САД, и посветеноста во исполнување на агендата поврзана со НАТО Алијансата и исполнување на потребните демократски вредности. Од страна на претседателот Мицкоски беше истакната потребата за почитување на принципите за владеење на правото и правната држава, како и неопходноста од реформи кои ќе значат одлучна борба против криминалот и корупцијата, се наведува во партиското соопштение.

Воедно, се додава, била истакната потребата од дијалог на највисоко ниво за клучните прашања важни за граѓаните и заедничкиот напредок.

-Во разговорот од страна на Мицкоски беше посочено дека потребни се квалитетни решенија за престојниот попис на населението, како и конечен договор со источниот сосед, кој нема да опфати било какви национални и идентитетски отстапки, а нашиот источен сосед ќе подржи одржување на меѓувладина конференција, без дополнителни условувања, а билатералните прашања да се решаваат надвор од процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

Амбасадата на САД во земјава на својата Фејбук страница објави дека заменик помошникот државен секретар Палмер разговарал со Мицкоски.

-Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер разговараше со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска за да ја истакне важноста што САД му ја придаваат на најновиот НАТО сојузник којшто има стабилни институции кои демонстрираат евроатлантски вредности, а особено потребата од конструктивна и ангажирана опозиција, се наведува во објавата на Амбасадата на САД.

Палмер, како што објави Амбасадата на САД, го охрабрил Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да соработуваат со останатите со цел да се надминат предизвиците со коишто се соочува земјата, вклучително и решавањето на разликите со Бугарија, како и обезбедување успех на пописот на населението, што е важна статистичка алатка за подобрување на управувањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

Земјотресот што пред 62 години го погоди Скопје е потсетник дека животот може да се промени за миг, вели Мицкоски

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен, во нова улица, нов натпатник, продолжуваме да градиме

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Мицкоски за разрешувањето на Димитровска: Имам чувство дека има поединци кои се обидуваат политиката кај нас да ја направат естрада

Горан Наумовски