Нема нови рестриктивни мерки

Од:

Нема дополнување на мерките за заштита од коронавирусот, одлучила денеска Комисијата за заразни болести по увидот на епидемиолошката состојба.

– Утрово имаше состанок Комисијата за заразни болести и по увидот во епидемиолошката состојба во државата во моментов нема дополнување на мерките. Во сила остануваат веќе донесените мерки за заштита од вирусот, велат од Министерството за здравство.

Мерката за полицискиот час што е во сила во период од 22 часот навечер до 5 часот наутро, трае до 6 април. Забраната за движење во тој период во изминатото деноноќие ја прекршиле 22 лица, а за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 571 прекршок.

Надлежните институции постијано апелираат на почитување на мерките за заштита со носење маски и одржување дистанца, како и почитување на протоколите.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во земјава е 1537 и има околу 250 празни болнички кревети во ковид центрите.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во претходното деноноќие се регистрирани нови 1.264 случаи со Ковид-19, 29 починати и 722 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 16.543.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски