Романската влада го продолжи ноќниот полициски час, во обид да го запре зголемувањето на новозаразени со коронавирус, но ќе ги ублажи ограничувањата на движењето за време на претстојните верски празници, соопштија тамошните власти.
Романија објави 6.651 нов случај на коронавирус, што е највисок дневен биланс оваа година.
Така, вкупниот број на случаи заразени со Ковид-19 се зголеми на 919.794 од почетокот на пандемијата споредбено од пред околу една година, пренесува Ројтерс.
Официјални лица соопштија дека ќе го ограничат движењето на луѓето од 20 часот од петок до недела и ќе ги затворат продавниците од 18 часот, во градовите со повеќе од четири заразени случаи со коронавирус на 1000 лица.
Во текот на целата недела, движењето ќе биде ограничено на 20 часа во градовите со 7 заразени на 1.000 жители.