СДСМ: Опозицијата во Собранието работи против интересите на граѓаните и државата

Од:

„Опозицијата во Собранието продолжува свесно и намерно да кочи и да блокира закони на штета на граѓаните и на државата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса отворено покажуваат дека не им е грижа што илјадници граѓани не можат да добијат државна помош како резултат на нивните деструктивни блокади. Некои пратеници бесрамно и безобразно им порачуваат на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата“, велат од СДСМ.

„Опозицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги кочи и блокира Законот за административни службеници, Законот за високо образование, Законот за внатрешни работи, Законот за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар.

Го кочат и Законот со кој треба да се обезбедат средства за реализација на бас рапид транзит, односно за воведување на нов, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз во Скопје.

На опозициските пратеници не им е важен развојот на Скопје, ниту заштитата на животната средина, ниту пак јавниот сообраќај во главниот град.

Не постојат логични објаснувања зошто опозициските пратеници се против корисни закони освен фактот дека не сакаат Собранието да функционира и со тоа директно работат на штета врз граѓаните и државата.

Ваквиот деструктивен однос на опозицијата во Собранието е препознаен од граѓаните и затоа повторно ќе ги казнат на изборите на есен“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар