„По вторпат го победив ракот“

Од:

Хуго Чавез, претседателот на Венецуела по вторпат прогласи дека е излечен од рак и за четврток најави почеток на предизборната кампања. На Чавез (57) му беше дијагностициран рак во средината на минатата година. По операцијата и третманот на Куба, на крајот на мината година, првпат се прогласи здрав. Но, болеста веќе во февруари му се врати. Повторно се лечеше на Куба, и потоа на прес – конференција објави повторно потполно исцелување.

„Слободен, слободен, после се ослободен од ракот“, рече Чавез и додаде „сега тргам во акција. Нашата офанзива почнува! Чавез е повторно на улица, боливарскиот ураган се врати“.

По пишувањето на медиумите на прес- конференцијата Чавез пукал од енергија.

Наспроти неговиот оптимизам, се додека не поминат неколку години од поледното појавуање на болеста, невозможно е да се биде сигурен дека некој е излекуван од рак, велат лекарите.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски