СДСМ: Пописот е најважен државнички чин, бојкот на пописот е кривично дело

Од:

„Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации.

Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата.

Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот“, велат од СДСМ.

„Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки.

Истовремено, непречено тече пописот на нерезиндентното население, односно на нашите иселеници во дијаспората. Според досегашните податоци, над 137.000 наши државјани во странство се самопопишале преку веб апликацијата, а процесот ќе трае до 21 април.

Ги повикуваме сите граѓани од дијаспората да се приклучат на овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе од сите краеви на светот.

Од друга страна, повиците за бојкот и одлагање на пописот кои доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица се незаконски и антидржавни. Тоа се штетни ставови кои создаваат конфузија меѓу граѓаните и носат штета за државата.

Бојкотот на пописот е кривично дело.

Крајно време е политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица да престанат да работат на штета на државата“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија