Седумдесет и тројца сириски воени лица, меѓукои седум генерали и 20 полковници, заедно со своите семејства ја преминаа сириско турската граница и побараа засолниште во Турција.
Групата со вкупно 202 лица пристигнала во пограничниот турски град Рејханли. Бегалците се префрлени во бегалски камп, каде живеат офицери од сириската армија, кои дезертирале од режимот на претседателот Башар ал Асад.
Во вкупно 20 сириски бегалски кампови во Турција се наоѓаат повеќе од 200.000 сириски бегалци.