Пописот во Бугарија ќе се одржи во септември

Од:

Советот на министри на Бугарија на својот состанок донесе одлука за започнување на Пописот на населението и станбениот фонд на 7 септември 2021 година и да заврши во 20.00 часот на 3 октомври 2021 година.

Пописот со пополнување на електронска картичка за попис ќе се спроведе преку интернет од 7 септември 2021 година до 17 септември 2021 година.

Пописот со посета на попис на домаќинства, згради и живеалишта ќе се одржи од 8:00 часот на 18 септември 2021 година до 20:00 часот на 3 октомври 2021 година.

Промената во периодот на пописот во 2021 година е неопходна поради епидемиското ширење на Ковид-19 и постојниот ризик по здравјето на попишувачите и граѓани, бидејќи активноста бара директен контакт со поединци и посета на домаќинства и домови.

Периодот е во согласност со барањата на Регулативата (ЕЗ) № 763/2008 на Европскиот парламент и на Регулативата на Советот и Комисијата (ЕУ) № 2017/712 дека најголемото сеопфатно статистичко истражување треба да се спроведе во тековната 2021 година во целата Европска унија.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски