Во куќа во Гази Баба пронајдено починато двомесечно бебе

Од:

Во Полициска станица Гази Баба, Итната медициска помош вчера пријавила дека во куќа на ул.„Зендел Џемаил“ има починато бебе – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен е увид на местото на настанот од полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, при што било констатирано дека станува збор за починато двомесечно бебе, од малолетна мајка од Скопје.

Од лекар од Итна медициска помош била констатирана смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на бебето е предадено за обдукција во Институтот за судска медицина.

Би можело да ве интересира

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски