Кина обезбеди 50.000 дози вакцини против коронавирусот за Босна и Херцеговина, објави амбасадорот на Кина во БиХ, Pи Пинг.
Информацијата му ја потврдил на министерот за надворешни работи на БиХ, Бисер Турковиќ, кој веднаш нареди да се иницираат сите потребни механизми за најбрзо прифаќање на пратката, што ќе биде од големо значење за БиХ со оглед на тоа што земјата тешко се снаоѓа на пазарот на вакцини против Ковид-19.
Ќе ги вклучиме сите потребни институции во рамките на БиХ со цел овој процес да заврши што е можно побрзо, а вакцините да стигнат до крајните корисници, додаде Турковиќ.