(ВИДЕО) Арсовски: Каде завршиле 100 тони шверцуван тутун?

Од:

„Од ден во ден расте срамот врз грбот на Јавното обвинителство и Антикорупциската Комисија. Овие две институции кои што се плаќани од народни пари, се срам, најголем срам за правосудните органи и за системот на целата држава.

Ќе помине веќе и еден месец како молчат и не преземаат ништо во врска со скандалозниот шверц на 100 тони тутун во време кога Љупчо Николовски бил министер за земјоделие и тоа ни помалку ни повеќе шверц на граничниот премин на Деве Баир.

Замислете, имаме евидентен шверц кој што го потврди и Царинската управа на 100 тони тутун и никој не знае, но и не сака да се огласи воопшто во јавноста да каже каде завршил тој тутун, што го увезол близок човек на Љупчо Николовски“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа, ќе прашаме директно. Каде завршил, односно каде е продаден 100 тони тутун што е увезен во 2019-та година од близок пријател на Љупчо Николовски кога министер бил за земјоделие Љупчо Николовски?

Дали ќе се одважи некој од институциите да истражи по службена должност каде завршил овој тутун?

Дали некој од овие институции кои што се како што реков срам за системот на државата и за правосудниот систем, ќе се одважат да истражат дали можеби тутунот завршил кај нелегални производители на цигари кои што се добро познати на структурите во МВР или пак на некои други добро познати места кои што се занимаваат со нелегално произведување на цигари и продажба на тутун?

Овие прашања се суштински, кои заслужуваат одговор, но заслужуваат и да некој да сноси одговорност. Сепак, се работи за блиски лица до министерот за земјоделие во тоа време Љупчо Николовски, кои што го увезле тутунот, а никој не знае каде завршила целата пратка.

Каде е продаден, по која цена и на кого?

Се останато е класично премолчување, прикривање на класичен случај на шверц и нелегален внес на 100 тони тутун во Република Македонија преку граничен премин Деве Баир.

Криминалот има адреса и има име, адресата е во Влада, а името е СДСМ.

Без исклучоци Јавното обвинителство и Антикорупциска и понатака како и до сега слободно можат да молчат, да спијат, да бидат соучесници во криминалот и да бидат најголем срам за државата, но мора да имаат на ум дека секогаш соучесниците во криминалот сносуваат одговорност“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски