(ВИДЕО) Бугарија на нозе: Господа политичари, Терминал 2 за вас, Бугарија за нас!

Од:

Бугарија се крена на нозе против назначувањето на Делјан Пеевски за претседател на Државната агенција за национална сигурност (ДАНС).

Насобраните демонстранти синоќа извикуваа, „Мафија, мафија“, носеа фотографии на Делјан Пеевски, врз кои е напишано „Game Over“ (Играта заврши).

Протестот се организираше на социјалните мрежи. Дури и дождот не успеа да ги истера демонстрантите.

„Луѓето се апсолутно сигурни дека оние кои не управуваат не треба да се на власт”, рече една постара жена која протестираше. Според полицијата во протестите учествуваат околу 10.000 луѓе.

„Претпоставувам дека сите овие луѓе токму како и јас, се уште веруваме дека работите можат да се подобрат. Можеби сме наивни и мислиме дека тоа не е нормално“, рече една жена, која на протестот дојде со сопругот и двете деца.

Активисти на ГЕРБ, предводена од поранешниот министер за енергетика Делјан Добрев, сега пратеник, се појавија на протестот на луѓето против изборот на Делјан Пеевски за претседател на ДАНС.

Тоа се случи и покрај „забрана“ на Бојко Борисов да не се учествува на протестот, особено видните членови.

deljan-bg

Лајтмотив на протестите беше „Сакавме промена, а добивме замена“. Дел од учесниците поставија транспарент „Господа политичари, Терминал 2 за вас, Бугарија за нас“, бидејќи младите луѓе сакаат да останат да живеат во својата татковина.

Тие рекоа дека за жал политичката реалност не им дава надежи за иднината. Друг млад човек направил колаж, каде корицата на книгата на Џорџ Орвел „животински фарма“ беше со ликот на Делјан Пеевски.

Демонстрантите рекоа дека е недозволиво за шеф на ДАНС да биде назначен човек, против кого се водени истраги за корупција. Некои директно побараа оставка на Владата.

Делјан Славчев Пеевски е бугарски правник, претприемач, медиумски магнат и политичар. Пратеник е од парламентарната група на ДСС во 41-то и 42-то Народно собрание. Мајка му Ирена Крастев е косопственик во најголемата печатница во Бугарија – ИПК „Татковина” и сопственик на неколку весници“.

„Одлуката Делјан Пеевски да биде избран за претседател на ДАНС има смисла само ако владата одлучи дека сака Бугарија да ја напушти Европската унија“, изјави Иван Крастев.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени