Лефков: Со објавување на имињата на оние кои примиле вакцина, ќе се отстранат сомнежите

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е загрижена поради информациите во јавноста дека и малиот број обезбедени вакцини се злоупотребуваат, посочи претставникот на опозициската партија, Миле Лефков, на денешната прес-конференција во Собранието.

Како што рече тој, се погласни се шпеклуациите во јавноста дека се вакцинирани лица кои не биле први на ред согласно Националниот план за вакцинација.

„Земајќи ги предвид надлежностите на Комисијата за здравство во Собранието, надлежна за здравствената заштита на населението и заштитата на населението од заразни болести, инсистираме претседателот на Комисијата, Арбен Зибер, во најбрз рок да побара од Министерството за здравство, информација со список на лица кои до овој момент примиле вакцини против Ковид-19“, порача Лефков.

Според него, само со објавување на податоците ќе се отстранат сите сомнежи во јавноста во чувстителен период кој, како што кажа, државата го минува крајно неподготвено поради неспособноста на надлежните во Владата.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски