ВМРО-ДПМНЕ: Заев со пописот ќе ја турне Македонија во епидемиски пожар

Од:

„За власта на Заев е нормално да организира попис среде епидемија во која само од почетокот на месец март има над 17 илјади нови заболени и скоро 400 починати од КОВИД-19. Во услови кога речиси сите европски земји ги одложија своите пописи, владата на Заев ќе организира попис со над 15 илјади активни случаи на заразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ја турка Македонија во епидемиски неконтролиран пожар, само заради каприц и политички хир. Ова веќе не е статистичка туку политичка операција на Заев кој е тотално одлепен од реалноста.

Уште еднаш да предупредиме дека 5.500 попишувачи, ќе треба да влезат во секое домаќинство во државата. Голем број од нив може да бидат асимптоматски, а да заразат хронично болни или стари луѓе, по што последиците по тие луѓе ќе бидат фатални.

Ако Зоран Заев е спремен и по цена над две илјади изгубени животи да оди на попис, Македонија не е“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски