Со поддршка од ЕУ субвенционирани платите на околу 30 милиони работници

Од:

Владите на земјите од ЕУ субвенционираа меѓу 25 и 30 милиони работници со поддршка на европска програма за зачувување на работните места, соопшти Европската комисија.

Програмата SURE е воспоставена во мај 2020 година со цел да се зачуваат работните места за време на пандемијата на Ковид-19. Владите, со поддршка на програмата, беа во можност поволно да се задолжуваат за да ги субвенционираат трошоците за плати.

Благодарејќи на таа поддршка, работодавачите го скратија работното време на работниците, но не ги отпуштија од работа, објави агенцијата ДПА.

Програмата на ЕУ беше искористена од 18 земји на Унијата во 2020 година, вклучувајќи ја и Хрватска, а повеќе од 90 милијарди од достапните 100 милијарди евра беа искористени, наведува ЕК.

Најголемата сума, од 27,4 милијарди евра, ја искористи Италија. Следат Шпанија со 21,3 милијарди и Полска со 11,2 милијарди евра.

Од активирањето на SURE во септември минатата година, 1,5 до 2,5 милиони компании добија поддршка, проценуваат во Брисел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он