Демократски сојуз: Самостоен настап на локалните избори

Од:

Централниот совет на Демократскиот донесе одлука за самостоен настап на Демократскиот сојуз на локалните избори или во коалиција со сродни политички партии за што го овласти претседателот да води соодветни преговори информираат од партијата.

„Истовремено, Централниот совет на ДС ја повикува Владата да ги обезбеди сите неопходни услови за фер и демократски изборен натпревар, вклучувајќи го и навременото обезбедување на апарати и софтвер за земање отпечаток од прст (фингерпринт) при гласањето, што е и законска обврска. На седницата, Централниот совет беше информиран за состојбите околу пандемијата и одржувањето на пописот, при што зазеде став да ги повика граѓаните во дијаспората и во Македонија да се попишат, а државата да ги обезбеди сите неопходни услови за здравствено безбедно одвивање на пописот“ – се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.

Би можело да ве интересира

Демократскиот сојуз: СДСМ и ДУИ ја вовлекоа Македонија во слеп колосек

Демократски сојуз: Законот за бранителите треба да го поддржат сите партии

Демократски сојуз: Левица ја копира Златна зора

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Брзо да се направат измените за промени во министерствата и да се формира влада

Демократски сојуз: Победата е голема, а одговорноста е огромна

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Полицијата да обезбеди услови за фер избори