„Групата Квинт“ бара од власта и опозицијата во Косово што поскоро да изберат претседател

Од:

Амбасадите на Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство во Косово ги повикаа денеска новата власт и опозиција во државата да работат на заедничките приоритети, нагласувајќи дека прва задача е изборот на нов претседател на државата.

Претставништвата на петте најмоќни држави кои имаат дипломатски претставништва во Приштина, познати како „Група Квинт“, во заедничка изјава која ја доставија и до медиумите, им честитаат за вчерашниот избор на новата Влада и на премиерот Албин Курти, како и на новиот собраниски состав, произлезен од вонредните парламентарни избори, одржани на 14 февруари.

„Квинтата“, како што се вели во соопштението, „ги охрабрува сите политички партии да играат одговорна улога во признавањето на изборните резултати, како мандат доделен од народот за ефективна влада“.

– Во ова време на пандемија и економски предизвици, Косово има потреба од решително раководство и функционални владејачки институции кои обезбедуваат стабилност, вклучително претседателот на државата. Адресирањето на овие предизвици ќе бара од водачите на политичките партии и избраните пратеници да ги постават потребите на граѓаните на Косово над партиските политички прашања и опозицијата и власта да работат на заедничките приоритети, а прва задача е изборот на претседател, се вели во задничката изјава.

Партијата Движење самоопределување (ВВ) на Албин Курти, која освои над 50 отсто од гласовите на парламентарните избори, за нова претседателка на државата ја кандидира Вјоса Османи, која досега беше вршител на должноста на таа функција.

Според актуелниот однос на силите во Собранието, што се виде при вчерашното гласање за кабинетот на Кути, Владата актуелно може да смета на 66 гласа во 120-члениот законодавен дом – 58 на ВВ и осум на помалите етнички заедници. За да биде избрана за претседател, според Уставот, на Османи и се потребни 80 гласа, од кои 61 „за“. Доколку ниеден кндидат во трите кругови на гласање не ги добие потребните гласови, Собранието се распушта и се распишуваат нови избори.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска