Полицијата во Бангладеш почна со истрага за причините за пожарот во бегалскиот камп на Рохинџи во кој загинаа најмалку 15 луѓе, а околу 400 се водат за исчезнати.
Огнот синоќа се прошири кон кампот Балухали во близина на градот Кокс Базар во југоисточен Бангладеш при што беа опожарени илјадници колиби.
– Она што го видовме во овој пожар е нешто што никогаш порано не сме го виделе. Беше огромен и уништувачки, изави Јоханес ван дер Клаув, претставник на УНХЦР во Бангладеш, нагласувајќи дека во привремениот извештај се зборува за 560 повредени, 400 исчезнати и најмалку 45.000 раселени лица .
Санјев Кефли, шеф на делегацијата на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во Бангладеш, рече дека во пожарот се уништени повеќе од 17.000 засолништа.
– Огнот се прошири на четири дела од кампот каде што имаше околу 124.000 луѓе, што е околу една десетина од над милион бегалци Рохинџи во областа, додаде тој.