Смртноста и исполнетоста на ковид центрите на алармантно ниво

Од:

Бројот на новозаразени со коронавирусот и натаму е во пораст. Од 1.682 тестирања, вчера беа регистрирани 457 нови случаи или 27 отсто од тестираните. Претходно, процентот се движеше околу 24 отсто. Вчера беше регистриран и зголемен број починати во однос на претходните денови. Пријавени беа 30 починати, на возраст од 50 до 84 година. Во статистиката беа забележани и оздравени 700 пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 119.828, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.

Најмногу активни има во Скопје – 7604, потоа следи Прилеп – 940, Кавадарци – 616, Охрид – 559, Куманово – 547. Во другите градови има под 500 активни случаи.

Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во Куманово хоспитализирани се 100 пациенти, во Прилеп 118, во ковид-центарот во Охрид има 92 пациенти, во Прилеп 118, Кавадарци 69. Во другите градови тој број е помал.

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани се вкупно 549 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 137 пациенти. Во Скопје има 90 слободни места.

Во Општата болница во Гевгелија се исполнети до последно место расположливите капацитети за болничко лекување на пациенти заболени од Ковид-19, изјави вчера директорот на болницата, Митко Крџев кој нагласи дека поради неповолната епидемиолошка состојба веќе се размислува каде и на кое одделение би можело да се создадат услови за дополнително сместување.

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, од 23 март до 6 април.

Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски