Поранешниот шпански репрезентативец Чаби Алонсо ќе биде нов тренер на бундеслигашот Борусија Менхенгладбах, објави денеска „Билд“.
Германскиот весник наведува дека Алонсо ќе биде промовиран за нов тренер на прволигашот од Менхенгладбах на крајот од сезоната, како замена за Марко Росе, кој преминува во Борусија Дортмунд.
Алонсо, кој со репрезентација на Шпанија освои една светска и две европски титули, од 2019 година е тренер на Б тимот на Реал Сосиедад, каде и ја започна својата кариера.
Алонсо го носеше дресот и на Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен, каде ја заврши кариерата во 2017 година.