Во Србија дадени 2,2 милиони вакцини, нема ниту една сериозна алергиска реакција

Од:

Српскиот епидемиолог Предраг Кон изјави денеска дека од околу 2,2 милиона вакцини против коронавирусот аплицирани во државата, досега не е забележан случај на сериозна алергиска реакција и таканаречен анафилактичен шок, кој може да го загрози животот.

Тој во изјава за локални медиуми нагласи дека во текот на вакцинацијата досега, во Србија се регистрирани вкупно околу 600 несакани реакции на вакцината.

Според него, ставовите на оние кои се противат на вакцинацијата во моментов се „без поддршка“ затоа што имунизацијата се одвива на доброволна основа. – Суштината е дека постои страв од самата вакцина, што е целосно неосновано, рече Кон.

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски