ВИДЕО: Дијаспората од Швајцарија предничи во самопопишувањето

Од:

Иселениците во Швајцарија засега со најголем одзив на пописот, по нив следуваат тие од Германија и Италија. Останатите држави остануваат далеку зад овие три.

Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика вели дека во последното деноноќие се попишале повеќе од 20 илјади граѓани.

„Претпоставуваме дека ова нагло зголемување на бројката на самопопишани е поради викендот, кога луѓето имале повеќе слободно време“, вели Ѓоргиева.

Таа информира дека викендов завршил и последниот дополнителен конкурс за попишувачи и дека сега конечно има доволно пријавени дури и за оние региони каде претходно имаше недостаток.

Ѓоргиева е оптимист дека граѓаните нема да одговорат на повиците за бојкот и неотоврање врата на попишувачите.

„Од нашето искуство, во текот на самиот попис, граѓаните ќе одговорат на прашањата“, вели Ѓоргиева.

По однос на одговорноста за можното зголемување на бројот на заразени од Ковид-19 во текот на пописот, таа вели дека тој е задолжителен.

„Пописот претставува задолжителна активност на ДЗС. Спроведувањето или неспроведувањето на терен не е нешто за што може да одлучи ДЗС“, вели Ѓорѓиева.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on