Груби – Мета: Патот на заедничката интеграција во ЕУ мора да заврши успешно

Од:

Патот на заедничката интеграција на Скопје и Тирана во ЕУ е полн со предизвици, но мора да се финализираа со успех за двете земји чија цел е големото европско семејство, порачаа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и албанскиот претседател Илир Мета.

На денешната средба во Тирана, Груби оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се на многу високо ниво. Тоа го истакна и Мета, нагласувајќи дека нема никакви спорни прашања, а соработката во сите сфери продолжува.

Коридорот 8 беше една од темите за кои стана збор. Двајцата соговорници истакнаа дека овој проект е од голема важност, бидејќи поврзува повеќе балкански земји и ќе влијае на економскиот развој.

Груби на ова средба ја отвори и темата за пописот, нарекувајќи го „витален проект за Албанците во земјата и дијаспората“. Со Мета апелираа масовно да се регистрира дијаспората за да се знае точниот број Албанци кои живеат во РСМ.

Би можело да ве интересира

Мета воведува глобална забрана за РТ и за другите руски државни медиуми

САД ја истражува „Мета“ за нејзината улога во илегалната трговија со дрога

Груби: Маричиќ ќе биде прв заменик на премиерот на Владата

(ВИДЕО) Русија е виновна за се во Македонија: Путин ни прави меѓуетнички тензии – Груби обвини, премиерот го поддржа

Анита Петровска Рајковиќ

Ковачевски за Груби: Македонија во моментов ја води Македонец, а во предизборие ќе се изнаслушаме кој е главен

A1on

Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба