Тинејџер заврши во операциона сала, откако минатата вечер на булеварот Партизански одреди во него со голема брзина удри автомобил Ауди А8.
Од ударот тој се здобил со скршеници на ногата и стапалото, по што бил пренесен во скопската клиника „Мајка Тереза“.
„На 21.03.2021 во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје“, информираат од МВР.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се уште е во потрага на возачот на џипот кој е во бегство.