Заев: Не треба да дозволиме да се одложи Пописот, сите да се попишеме и да ја завршиме оваа операција за државата

Од:

Не треба никако да дозволиме да се одложи Пописот, затоа што прво се испраќа порака за несериозност кон граѓаните и порака за неодговорност кон граѓаните. Апелирам сите да продолжат да се попишат, спроведувајќи ги сите безбедносни протоколи и оваа операција што е почната конечно да ја завршиме за државата, изјави премиерот Зоран Заев.

-Верувам дека не треба никако да дозволиме да се одложи Пописот заради тоа што прво се испраќа порака за несериозност кон граѓаните, второ се испраќа пораката на неодговорност кон граѓаните. Ја користам приликата ја испратам уште еднаш моите пораки со апели сите да се попишеме заради тоа што со тоа не сме поголеми Македонци, ниту поголеми Албанци, ниту поголеми Турци, Срби, Власи…, ако не излеземе да го оствариме своето право, но и обврска е да учествуваме во овој Попис, истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција одржана по завршување на внатрепартиските избори во СДСМ.

Ги повика сите да продолжат, со апел кон граѓаните да се попишат и секако спроведувајќи ги сите безбедносни протоколи, а,појасни, согласно Законот и правната регулатива државата ќе даде доволно флексибилен механизам за Пописот како што е почнат со попишување на дијаспората и на одредени категории граѓани кои се по институции, така и ќе продолжи да завршиме се во овој наврат, заради тоа што имаме сите пред се и над се одговорност оваа операција конечно да ја завршиме за државата. А јас како еден од најупатените за потребата од овие податоци можам уште еднаш да потврдам дека тие податоци се од насушна потреба за развој, креирање на сите можни политики, економски пред се во нашата земја, рече Заев.

Потврди дека секое одложување на пописот на населението ја става државата под ризик да нема попис и следните 10 години или следните години и оти 20 години ние немаме попис и сме една од единствените земји во светот кој што нема попис и затоа треба да се спроведе.

-Никој нема да може да каже какви ќе бидат состојбите на есен, следната пролет или слично и оттука е дополнителното чувството на одговорност да се спроведе пописот. Пописот дава доволно широчина, а тоа е во рамки на деновите што се определени во согласност со законот да се пролонгира согласно мерките за заштита. И да се случи како што најавуваат, читајќи ги новинарските осврти, но и одредени експерти, што ако се случи да биде заразен цел општински одбор, тогаш логично согласно деновите за изолација или за заздравување може да се одложат самите денови на попишување, истакна Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар