(ВИДЕО) Ѓорчев: Mорбидни и бизарни се „изборите” на СДСМ во ден со 25 мртви

Од:

„Морбидно и бизарно е да се одржуваат внатрепартиски избори во ден кога во Македонија има 25 мртви од коронавирусот. Срамота е да се прогласува голема партиска победа на СДСМ и Зоран Заев додека стотици луѓе умираат се борат за воздух, се дават и се гушат“, рече Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, Северен Заевистан имаше избори како во Северна Кореја. Недозволиво и незаконски е да се одржуваат избори во училишта, во јавни установи, во домови на култура, со брза помош да се пренесуваат гласачи во избирачки места во штабовите на СДСМ.

Срамно дури и за еден хибриден режим којшто има најмногу мртви по глава на жител во светот и најмалку вакцини. Фијаско, срамота и катастрофа“, изјави Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски