ЦИК на СДСМ: Излезноста до 12 часот е 46 отсто

Од:

Процесот на гласање за избор на претседател на СДСМ се одвива одлично во сите избирачки места, без попреченост на изборниот процес и без каков било застој. Од активно регистрираните вкупно 68.999 запишани членови во избирачкиот список до 12 часот своето право го искористиле и гласале 32.198 членови на партијата. Излезноста до 12 часот е 46 отсто, информираа на прес-конференција од Централната изборна комисија на партијата.

-Излезноста во Прилеп е 54 отсто, Тетово 47 отсто, Штип 37 отсто, Струмица 60 отсто, Ресен 45 отсто, Карпош 38 отсто, Ѓорче Петров 43 отсто, Кисела Вода 31 отсто, Делчево 58 отсто, Гостивар 36 отсто, Битола 39 отсто и Куманово 32 отсто. Ова, според нас, е висок одѕив имајќи предвид дека станува збор само за четири часа од отворањето на гласачките места, велат од ЦИК на СДСМ.

Гласањето ќе трае до 19 часот и дотогаш ќе бидат отворени сите избирачки места. Вечер по завршувањето на целиот изборен процес Централната изборна комисија ќе информира за првичните резултати.

Единствениот кандидат за претседател, актуелниот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев гласаше во Струмица.

Според ЦИК, се почитуваат сите утврдени прописи за реализација на првите директни внатрепартиски избори, како и сите мерки и протоколи за заштита на здравјето од Ковид-19. Целиот процес е сосема безбеден за здравјето на сите учесници.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар