Шефот на ЕСМ, Клаус Реглинг, изјави дека еврозоната во иднина би требало да функционира без помош од Меѓународниот монетарен фонд.
Во текот на последните три години, Европската комисија, Европската централна банка и ММФ заедно работеа со управувањето на пакетот помош за Грција и другите земји.
Меѓутоа, тензиите пораснаа, откако ММФ изрази загриженост во врска со пристапот на Европа кон грчкото прашање, пренесува агенцијата АП.
Реглинг, за германскиот дневник Франкфуртер алемајне цајтунг, изјави дека стручното мислење на ММФ и понатаму е потребно.