Пленковиќ ќе се имунизира со вакцината на „АстраЗенека“

Од:

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ќе биде вакциниран со вакцината на „АстраЗенека“, објави „Индекс.хр“.

„Со оглед на тоа дека го прележа коронавирусот, ќе се консултира со лекарите за точниот датум на вакцинирање. Но, тој сигурно ќе биде вакциниран со вакцината на ‘АстраЗенека’, потврдено е за „Индекс.хр“ вечерва од Владата.

Порталот наведува дека тоа може да биде релативно брзо, веројатно во следните неколку недели.

Пред една недела, откако започна полемиката со можните несакани ефекти на вакцината на „АстраЗенека“, Пленковиќ рече дека ќе биде вакциниран со оваа вакцина.

Досега вакцината на „АстраЗенека“ ја примија премиерот и претседателот на Словенија, Јанез Јанша и Борут Пахор, како и премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, со цел да им докажат на граѓаните дека е безбедна.

Откако Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Кипар, Летонија, Литванија и Канада најавија дека ќе продолжат со вакцинирањето со „АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ