ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со епидемијата се справува со ред лаги, ред матни зделки, ред неспособност

Од:

„Венко Филипче со ковид епидемијата се справува со ред лаги, ред матни зделки и ред неспособност. Бројките се безмислосни, Македонија поради Филипче и Заев е петта земја од позади по вакцинација, а во топ 5 земјите во светот по смртност од Ковид-19.

Како што сами кажуваат од владата во екот на епидемијата инвестирале само 7 милиони евра за справување со здравствената криза, а во исто време граѓаните платиле десетици милиони евра од свој џеб за тестирања, лекување и купување на лекови, маски дезифициенси и здравствена заштита“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на министерот Венко Филипче.

„Здравствениот систем се распадна и се сведе на донации и апели за лекување. И по правило Филипче соочен со фактите и својата неспособност лаже и бара виновници во други, еднаш граѓаните, еднаш опозицијата, еднаш ЕУ. Лаже исто како што лажеше дека ќе сме добиеле вакцини од Бугарија во декември, како што лажеше дека потпишал договор со Фајзер и дека во февруари ќе пристигнат нивните вакцини, како што лажеше дека потпишал договор за набавка на кинески вакцини, а всушност со Заев пробувале да набавуваат преку фантом фирми од Хонг Конг по повисоки цени од реалните.

Половина година лаже Филипче, дури народот умира и се заразува, па уште без срам обвинува други. Не Филипче, ти си виновен и одговорен за тоа и ќе понесеш одговорност“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ