Опожарена трска на Охридското крајбрежје кај Калишта

Од:

На брегот на Охридското Езеро во близина на селото Калишта опожарена е трска на површина од околу 3.000 квадратни метри, соопшти СВР Охрид.

Пожарот, како што информира портпаролот Стефан Димоски, во струшката полиција бил пријавен вчера, и по интервенција на Територијалната противпожарна единица Струга бил изгаснат.

-Од извршениот увид, констатирано е дека била опожарена трска на површина од околу 3.000 квадратни метри на езерскиот брег, како и околу 5.000 квадратни метри сува трева на приватна парцела. Нема повредени луѓе, изјави Димоски.

Пред околу две недели на овој потег од Струга до селото Калишта беше опожарена трска на површина од 400 квадратни метри . Полицијата и во двата случаи презема мерки за откривање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“

Голем пожар избувна во Радовиш – горат погони и машини во поранешен „Декортекс“

А1он

Французинка повредена во пожарот во Кран-Монтана бара отштета од 8,2 милиони евра