84 пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје за 24 часа

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 84 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 543 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворен е и ковид центарот на Клиниката за Пластична хирургија, информира Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 24 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 6 нови пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 255 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти. На ГАК има 7 хоспитализирани ковид позитивни пациентки, соопштува Министерството за здравство.

Вкупно 543 пациенти потврдени и сомнителени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски