А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: На родилка и се извадени три здрави органи, на Здравствениот инспекторат и Лекарската комора не им е гајле

by А1он20/03/2021 - 09:45111
Share0

„На родилка и беа извадени три здрави органи. И што се случи? Едвај се направи комисија, па едвај се разреши директорот на струшката болница, па сега Филипче најави и некој нова комисија. Одговорност-што беше тоа?

Добивај вести на вибер

Каде се надлежните институции“, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Станува збор за лекар кој вршел јавна функција, директор на Болницата во Струга, а паралелно имал своја ординација. Државниот санитарен и здравствен инспекторат изгледа спие. И во јавноста ништо не се слушна, на пример како работи ординацијата, што со орданицијата во иднина. А и Филипче молчи.

Ја нема ни Лекарската комора. Напарви некоја комисија, а комисијата речиси и да не работеше според тоа што јавноста го виде и слушна.
А како може и да се очекува, една ваква институција на фелата, да реагира.

Тоа е истата онаа Лекарска комора за чија претседателка има Одлука од Антикорупцикска дека има судир на интереси.

Зошто не реагира? Затоа што претседателката на Лекарска комора е и директора на Клиниката за гастроентерохепатологија. Или има судир на интереси затоа што Лекарската комора ја цени работата на директорите на јавните здравствени институции. Или претседатеката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова ја контролира директорката на Гастро, Калина Гривчева Старделова. Антикорупциска и вели не може така, ама на претседателката и директорката не и гајле.

Зошто таква една личност да се грижи за тоа што една пациентка е осакатена.

И Филипче пак молчи. Не го интересира кои лица ги водат јавните здравстевни институции, или едноставно, Филипче ја штитити Гривчева Старделова.

Токму поради ова, поради сите пропусти кои ги дозволи во случајот со родилката, Филипче треба да одговара и да си оди од функцијата! Оставки треба и во Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од претседателката на Лекарската комора!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто