Во Словачка задолжителен карантин за оние кои се враќаат без разлика дали се вакцинирани или прележале Ковид-19

Од:

Задолжителниот карантин за враќање во Словачка од 22 март ќе важи за сите, вклучително и за оние кои биле вакцинирани против коронавирусот или се опоравиле од инфекцијата, одлучи канцеларијата за јавно здравје на земјата.

Одлуката беше оправдана со премалку информации за новите мутации на вирусот, јавија чешки медиуми.

– Тоа е превентивна мерка затоа што се уште го сумираме знаењето за новите мутации, вклучително и знаење за можни реинфекции и инфекции по вакцинацијата, изјави портпаролката на канцеларијата Даша Рачкова.

Одлуката нема да важи за медицинските работници кои доаѓаат да им помагаат на словачките граѓани.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина