Бугарскиот шоумен Слави Трифонов му нуди работа на Гарванлиев: Ќе ти обезбедиме достоен живот

Од:

Познатиот бугарски водител и шоумен Слави Трифонов му понуди на македонскиот претставник на „Евросонг“, Васил Гарванлиев, да стане дел од неговата екипа, со што ќе му биде обезбедена „работа и достоен живот“.

Според Трифонов, Гарванлиев во Македонија е во опасност да падне во немилост кај своите сограѓани, поради тоа што јавно кажал дека се чувствува како Бугарин и дека има бугарски пасош. Против пејачот, според Трифонов, се води кампања тој да не ја претставува Северна Македонија на „Евровизија“.

„Но, почитувани сонародници, Бугарија е секаде, каде што има барем еден Бугарин. И додека има еден Бугарин во Северна Македонија, пардон, во Северна Македонија има многу Бугари, но јас мислам конкретно на Васил Гарванлиев, затоа му го предлагам следното: Василе, драг пријателе, ти си добар пејач, а јас и моите колеги имаме искуство во продуцирањето на добри пејачи. Повели кај нас и јас и мојата екипа ќе ти обезбедиме работа и достоен живот. Решението е твое. Ние Бугарите треба да се поддржуваме,“ напиша Слави Трифонов На Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски