Руската Амбасада во Софија бара да престанат шпекулациите за шпионската афера

Од:

Руската Амбасада во Бугарија бара да престанат шпекулациите за вмешаност на Русија во случајот со приведувањето на шест лица заради шпионажа.

„Во услови на комплицирана меѓународна ситуација, очигледни се неуморните обиди да се вметне клин во руско-бугарскиот дијалог и уште еднаш да се демонизира нашата земја“, се наведува во соопштението на руската Амбасада.

По денешниот брифинг во бугарското Обвинителство се дознава дека се уште не е завршена истрагата против синоќа приведените лица, обвинети за шпионажа во корист на странска држава.

„Очекуваме до одлуката на судот за овој случај да бидат запрени шпекулациите за наводно учество на Русија во разузнавачки активности против интересите на Бугарија“, се додава во соопштението.

Дипломатската мисија изрази надеж дека случајот со шпионажата нема да биде исполитизиран и ќе се води „непристрасно и принципиелно, во строга согласност со нормите на бугарското и меѓународното право“.

Би можело да ве интересира

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Американски агент му дал тајни на руски разузнавач: ФБИ го измами, осуден е на 22 години затвор

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16