Кина ги прогонува Ујгурите, а децата им ги ги испраќа во сиропиталишта, обвини Амнести

Од:

Кина насилно ги разделува ујгурските семејства носејќи ги нивните мали деца во сиропиталишта, наведува групата за човекови права Амнести Интернешнл.

Во својот најнов извештај, Амнести ја повика Кина да ги ослободи сите ујгурски деца кои се во сиропиталишта без согласност на нивните семејства, пренесе Радио Слободна Европа.

Претставници на оваа организација разговарале со родители кои ги оставиле своите деца кај роднини во Кина, кога биле принудени да ја напуштат земјата.

Групите за човекови права наведуваат дека Кина привела повеќе од милион припадници на ујгурското муслиманско малцинство.

Кинеската Влада се соочува и со обвинувања за широко распространето кршење на човековите права против Ујгурите и другите муслимански малцинства, вклучувајќи ја принудната работа, присилната стерилизација, сексуално злоставување и силување.

Официјален Пекинг негира дека ги држи Ујгурите во логори во регионот Синџијанг, во северозападна Кина. Оттаму наведуваат дека камповите се објекти за „превоспитување“, односно „доквалификација“ и дека се користат за борба против тероризмот.

Бидејќи Кинезите строго го ограничија пристапот до Синџијанг, Амнести разговараше со Ујгурите кои можеа да избегаат од регионот пред да се интензивира репресијата врз нив во 2017 година.

Во извештајот, Амнести ја повика Кина да обезбеди неограничен пристап до Синџијанг за експертите за човекови права на ОН, за независните истражувачи и новинари и за сите деца што се држат без одобрение на нивните родители и бара тие да бидат вратени на своите семејства.

-Кинеската немилосрдна кампања за масовен притвор во Синџијанг ги доведе раздвоените семејства во невозможна ситуација: на децата не им е дозволено да заминуваат, но нивните родители се соочуваат со прогон и произволен притвор доколку се обидат да се вратат дома да се грижат за нив, изјави за портпаролот на Амнести Интернешнл за Кина, Алкан Акад.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени