ВИДЕО: Со кредит Жерновски ќе ја плаќа казната од инспекторите

Од:

Катерина Цаневска Арсовска, од Кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски, на прес- конференција посочи дека блокадите врз општината Центар, се прават и одвнатре и однадвор.

Градоначалникот Жерновски, рече, веќе плати казна од 1.500 евра по налог од Трудова инспекција, а денеска и тоа само благодарение на тоа што е направено порамнување, плати казна од 7.500 илјади евра, инаку предвидената казна е 15.000 евра.

Жерновски за да ја плати оваа казна ќе подигне кредит.

„И тоа замислете, поради доцнење од „цел“ еден ден за непостапување по инспекциски надзор. Значи за 24 часа, 7.500 илјади евра.

– И дека не се работи со ист аршин, тоест дека актуелното раководство на Центар е на удар, ќе ви потврди фактот, што најдовме дека има останато предмети по кои не е постапено од многу порано“, рече Цаневска-Арсовска.

Секојдневни „гости“ во општината се инспекторите.

Општината и градоначалникот велат дека се добредојдени, но очекуваат инспекциите да се се ревносни во сите општини, а не само во Центар.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории