Релациите на Цех и Груевски: му помагал во кампањата во 2016, се среќавал со него и му закажувал средби со германски функционери

Од:

Во врска со релациите со Никола Груевски, како што објави германскиот весник „Шпигел“, Тобијас Цех во текот на 2016 и 2017 година во повеќе наврати се среќавал со него и со тогашното раководство.

Последната средба на Цех била во март 2017 за време на конгресот на сестринските партии на Малта. Како што пренесоа тогаш медиумите, на таа средба поранешниот премиер наводно го информирал германскиот пратеник за „Тиранската платформа“ и за протестите на „За заедничка Македонија“, како и за изборната измама на СДСМ. Ова средба на Цех е непосредно пред формирањето на новата влада, а неколку месеци подоцна се случува и бегството на Груевски во Унгарија.

Како што напишаа германските медиуми, Цех со својата консултантска компанија бил активен цело време во текот на изборната кампања во Македонија и му помагал на Груевски во целиот тој процес.

Тобијас Цех се појавил и на централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ како потпретседател на ЕПП на 27 ноември 2016 година заедно со тогашниот австриски министер за надворешни работи, Себастијан Курц. Двајцата политичари тогаш му дадоа отворена поддршка на Груевски, при што Цех рекол дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата што треба да победи во Македонија и повторно да формира влада.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија за пример, а нејзината програма ‘Реално“’ е програма за иднината на Македонија“, вака тој го поддржал Груевски на централниот митинг во ноември во 2016 година.

За германските медиуми, според напишаното, не е спорно што тој бил дел од кампањата на ВМРО-ДПМНЕ како член на парламентот и поддршка на сестринската десничарска партија во Македонија, но спорен е моментот што тој во истото време добивал пари како консултант преку неговата ПР-агенција. Според германските медиуми, Цех за услугите што ѝ ги дал на ВМРО-ДПМНЕ наплатил добра сума.

Цех во исто време на Груевски му помагал да оствари важни средби со германски политичари во време кога Берлин беше најжестокиот критичар на неговиот режим.

Но, тоа не било пречка Груевски во септември и во ноември 2016 година да оствари средби со тогашниот сојузен министер за економска соработка, Герд Милер, а потоа и со (актуелниот министер за внатрешни работи) Хорст Зехофер во Минхен, како и со други високорангирани политичари. Сите тие се членови на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), сестринската партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел.

Четири и пол години подоцна, истражувањето на германскиот магазин „Шпигел“ открива дека тие средби биле организирани од тогашниот и сега веќе бивш пратеник на ЦСУ, Тобијас Цех, кој за тоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ наплатил речиси 50 илјади евра.

Тобијас Цех ја згаснал ПР-агенцијата во 2018 година и, според пишувањето на одредени медиуми, се префрлил на друг бизнис во Македонија. Имено, денес 39-годишниот политичар е на чело на Управниот одбор на компанијата „Фармкан“ и со неа е тесно поврзан со одгледување канабис во Северна Македонија. Партнер на Цех во Скопје му е Златко Кесковски, поранешен заменик-директор на УБК и шеф на обезбедувањето на експретседателот Борис Трајковски. Кесковски е шеф на Надзорниот одбор на „Фармкан Германија“ и има лиценца за одгледување канабис во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Стојаноска: Со платформата 1198 како идна влада ќе имаме широк дијалог со синдикатите и жестока борба со корупцијата

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он