Шабан Трстена хоспитализиран поради компликации со Ковид-19

Од:

Трофејниот македонски борач, Шабан Трстена е во болница поради компликации со Ковид-19. Тој од болничкиот кревет на социјалните мрежи објави дека конечно по четири дена критична состојба се чувастува подобро.

Ве поздравувам од болница, мои почитувани добри луѓе.
Дозволете ми од мое име да им се заблагодарам на сите што ме…

Posted by Shaban Trstena on Friday, 19 March 2021

„Овие четири дена бев во многу тешка состојба со мојето здравје, и од оваа ситуација во моментов сум под режим и покровителство на херојски лекари, кои се 24 часа подготвени да помогнат. Благодарение на лекарите и секако благодарение и на Бога, од денес се чувствувам подобро и малку поудобно. Јас со мојот борбен дух се борам да го надминам овој предизвик и сум оптимист и се надевам, во име и на Бога ќе успееме и во оваа борба и ќе го победам“ – напиша Трстена на Фејсбук.

Трстена е носител на златен олимписки медал од Игрите во Лос Анџелес во 1984 година како и на бронза од Игрите во Сеул четири години подоцна.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски