Повторно раздвиженост на бегалци и мигранти на грчко – македонската граница кај Идомени

Од:

Само во вторникот, полицајците од Македонија, вратија во Грција 300 лица кои нелегално ја поминаа граничната линија, пишува солунскиот информативен портал „Тестудеј“ и коментира дека повторно се зголемуваат бегалските и мигрантските бранови на грчко- македонската граница кај Идомени.

Во текстот преземен и од повеќе други грчки онлајн медиуми, порталот пишува дека е вообичаена тактиката на „push back“, односно на враќање назад на мигрантите од македонска страна.

Паралелно, новинарот додава дека Идомени неколку дена е без патролни полициски возила, бидејќи трите возила што биле на располагање, сега се вклучени во контрола на мерките за Ковид-19.

-Повторно имаме проблем, особено сега кога нема патролни возила. Со возови и пешки доаѓаат во Идомени и скриени во нивите чекаат шанса да ја поминат оградата, вели претседателката на локалната заедница на Идомени за „Тестудеј“.

Во медиумите во Грција, особено во солунските, повремено има текстови за зголемена раздвиженост на мигранти и бегалци во близина на границата со Северна Македонија, кои до Идомени стигнуваат или пеш или откако нелегално се качуваат на товарни возови. На ист начин како што пристигнуваа и во изминатите години, користејќи ја балканската рута за да стигнат до некоја од земјите во централна или северна Европа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски