Нема докази дека вакцините против коронавирусот на „АстраЗенека“ и „Фајзер“/„БиоНТек“ предизвикуваат тромбоза, соопшти денеска британски регулатор МХРА.
-Нашето обемно и темелно испитување, паралелно со критичката проценка на водечките независни научници, покажува дека нема докази дека згрутчувањето на крвта се јавува повеќе отколку што се очекуваше во случај на невакцинирање со каква било вакцина, изјави извршниот директор на МХРА, Џун Рејн.
Повеќе од 10 европски земји ја прекинаа употребата на вакцината на „ АстраЗенека“ поради појава на тромбоза кај некои луѓе кои ја примиле.
Мислењето на Европската агенција за лекови (ЕМА) се очекува во секој момент, а утре ќе се добие и мислењето на комитетот на Светската здравствена организација.