Бизнис конфедерацијата иницира модел за порамнување меѓу компаниите

Од:

Модел за порамнување меѓу компаниите, што ќе овозможи поефикасно решавање на прашањето на внатрешниот долг меѓу деловните субјекти, кој, со усогласување на системот меѓу финансиските институции надлежни за овие прашања, може во голема мерка да учествува во намалувањето на внатрешниот јавен долг, презентираше делегација на Бизнис конфедерацијата, предводена од извршниот претседател Миле Бошков, на средба со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Заев и Битиќи ја поздравија оваа иницијатива и истакнаа дека предлозите што доаѓаат непосредно од бизнис заедницата се секогаш добредојдени особено кога станува збор за унапредување на финансиското работење на компаниите, информираше денеска владината прес-служба.

Заев потенцираше дека предлозите за усовршување на финансиското работење, како што е предлогот за поефикасно уредување на должничко-доверителските односи меѓу компаниите и меѓу нив и јавниот сектор, истовремено значи зголемување на даночната основица, нови приходи кои учествуваат во БДП на државата како и намалување на даночната евазија.

Истакна и дека бизнис заедницата во Владата секогаш има конструктивен партнер за соработка кога станува збор за иновативни решенија во економско-финансиското работење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Битиќи: Не смееме да дадеме шанса ВМРО-ДПМНЕ да ја загрози европската иднина

(ВИДЕО) Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“

Битиќи од Куманово: Со мултикултурализам, толеранција и повисоки плати и пензии ќе го поразиме национализмот

Битиќи: Во коалиција со граѓаните нема да дозволиме Македонија повторно да биде заробена држава

Битиќи: Премногу длабоки се лузните од ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните да му простат

Горан Наумовски