Драстичен раст на бројот на заболени од Ковид-19, интензивно се полнат ковид центрите

Од:

Во пораст е бројот на заболени и хоспитализирани со Ковид-19 во државава. Засега нема нови мерки, но останува сегашната мерка полициски час од 22 часот до 5 часот. Доколку таа не ги даде очекуваните резултати не се исклучени нови рестрикции за кои Комисијата за заразни болести ќе одлучува на почетокот на идната недела.

Во моментот во земјава има 11.889 активни случаи и раст од над 5000 активни во последниот месец, од 15 февруари до 15 март.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, во претходното деноночие регистрирани се нови 1293 случаи со Ковид-19, 24 починати и 339 оздравени пациенти.

Вкупно 1135 пациенти се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови, при што има околу 280 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во тек е вакцинација против Ковид-19 на здравствените работници. Заклучно со завчерашниот ден се вакцинирани 5300 здравствени работници.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски