Британската влада издаде предупредување кон светските авиопревозници да не го пуштаат Едвард Сноуден на било кој лет кон Велика Британија.
Во писмото на британското министерство за внатрешни работи, кое беше упатено до авиопревозниците во цел свет, се наведува дека тие би требало да му забранат влез во авион кој би летал кон Британија, на поранешниот американски службеник на ЦИА и систем администратор во Националната агенција за безбедност.
Сноуден на јавноста и стана познат кога ги разоткри информациите на компјутерската програма на американсакат влада „Призма“, за следење на комуникацијата на интернет на жителите во САД.
Американската влада се уште не поведе официјална истрага против својот поранешен службеник, ниту побара негово приведување и испорака од властите на Хонг Конг, каде што побегна по откривањето на информациите.