25 милиони Британци примиле прва доза од вакцина против Ковид-19

Од:

Повеќе од 25 милиони лица во Велика Британија примиле прва доза од вакцина против Ковид-19, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

Новите бројки покажуваат дека британскиот здравствен систем првата доза од вакцината им ја дал на 25.273.226 лица, а станува збор за вакцините нна „Фајзер„/„БиоНТек“ и „АстраЗенака“. Во меѓувреме, веќе 1.759.445 лица ја добиле и втората доза од вакцината.

Статистиката се однесува на периодот од 8 декември до 16 март, соопшти британското Министерство за здравство и социјална грижа.

Ова значи дека 26,5 милиони луѓе или речиси половината од возрасната популација веќе се вакцинирани, во земја со население од околу 53 милиони.

-Оваа најнова пресвртница е неверојатно достигнување – претставува 25 милиони причини да бидеме сигурни во иднината, бидејќи внимателно го отвораме општеството, рече премиерот Борис Џонсон.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски